Премиерот Никола Груевски до припадниците на влашката етничка заедница упати честитка по повод нивниот нацинален ден, во која истакнува дека Власите, заслужено, во дамнешниот 23 мај, уште од времето на Отоманското царство, се изборија за признавање на нивните национални права.
Овој ден за сите Власи е симбол на победата на нивната легитимна борба за промоција на влашката заедница, за потврдување на влашкиот идентитет и припадност и за почитување на влашката културата, традицијата и историја. Македонија, денес е целосно посветена кон изградба на функционална демократија на рамноправни граѓани, каде почитувањето на мултиетничноста, мултикултурноста и мултиконфесионалноста се цивилизациски придобивки. Како во историјата, така и денес Вие, Власите, сте составен и нераздвоен дел од Македонија и македонското општество“, се вели меѓу другото во честитката на премиерот.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 22.05.2009 15:39:56
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment