Friday, May 23, 2008

23 Мај национален ден на Власите

23 Мај национален ден на Власите

Министерството за труд и социјална политика, 23 Мај го прогласи за неработен ден за припадниците на влашката заедница.
По тој повод Претседателот на државата Бранко Црвенковски прими преставници од Лига на Власите.
Денот на Власите им го честита претседателот на Владата, Никола Груевски.
„Во името на владата и во мое лично име Ви го честитам 23 Мај, кога пред 103 години турскиот султан Абдул Хамид , донесе посебен документ со кој го призна постоењето на влашката етничка група како посебен етнички, јазичен и културен субјект. Вашата заедница даде свој придонес кон изградбата на еден специфичен вид на култура, карактеристична за Р.Македонија“ вели во својата честитка Груевски.
23/05/2008

No comments: