Monday, July 6, 2009

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај Гевгелија


Сузана Тасева
06.07.2009 18:17
Триесет и две годишната Кристина Костова од Скопје го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи денеска автопатот Гевгелија-Скопје кај клучката за селото Прдејци.
Во несреќата се повредени и тројца турски државјани, меѓу кои и едно дете. Повредените се наоѓаат во гевгелиската болница, а поради сериозноста на повредите тие најверојатно ќе бидат пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Според првичните сознанија на истрагата, починатата со автомобил марка „Ситроен“ се движела од Гевгелија кон Скопје.
Од засега непознати причини таа изгубила контрола, по што излетала од коловозот, удрила и ја прелетала металната заштита на ограда меѓу двете коловозни ленти на автопатот и завршила во автомобилот „Ауди“, кој се движел од спротивниот правец.
Во него се наоѓале повредените турски државјани, а се движеле кон граничниот премин Богородица.
Телото на починатата скопјанка е предадено на обдукција, а истрагата се уште трае.


No comments: