Tuesday, July 7, 2009

ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА Загина жена-возач

Триесет и двегодишната Кристина К. вчера го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, што се случи на автопатот Гевгелија - Скопје, кај клучката за селото Прдејци. Двајца турски државјани се повредени и поради сериозноста на повредите се задржани во гевгелиската болница. Според првичните сознанија, најверојатно починатата Кристина, која го управувала возилото марка „ситроен с3“, од засега непознати причини преминала на спротивната страна од автопатот и директно удрила во возилото, во кое се наоѓале турските државјани.
С.Та.

Izvor: "VRME"

No comments: