Триесет и двегодишната Кристина Костова од Скопје завчера го загубила животот во сообраќајната несреќа на автопатот Гевгелија-Скопје кај клучката за селото Прдејци.Според полицијата во несреќата се повредени и тројца турски државјани, меѓу кои и едно дете. Повредените веднаш биле пренесни во гевгелиската болница, од каде поради сериозноста на повредите тие најверојатно ќе бидат пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Според првичните сознанија на истрагата, Костова управувајќи автомобил марка "ситроен" се движела од Гевгелија кон Скопје. Од засега непознати причини скопјанката најверојатно изгубила контрола над возилото, по што излетала од коловозот, удрила во металната ограда меѓу двете коловозни ленти преминала на спротивната коловозна лента и удрила во автомобил "ауди", кој се движел од спротивниот правец во кој се наоѓале турски државјани, кои се движеле кон граничниот премин Богородица.Полицијата извршила увид по што по наредба на Истражен судија телото на починатата Костова било предадено за обдукција.

Извор: „Вечер“ http://vecer.com.mk/?ItemID=752CDF68F1E4D94E97EE6CD50CF47D17
No comments:
Post a Comment